Финскиот претседател Стуб можно е да се приклучи на средбата Трамп – Зеленски

17.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Финскиот претседател Стуб можно е да се приклучи на средбата Трамп – Зеленски

Финскиот претседател Александар Стуб би можел да отпатува во Вашингтон за да се приклучи на состанокот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот лидер Володимир Зеленски, јавуваат западни медиуми.

Европската Унија стравува дека Зеленски нема да биде пречекан со исто ниво на внимание како рускиот претседател Владимир Путин, што би ја ослабело позицијата на Киев во идните преговори. Затоа се разгледува можност Стуб, кој ужива доверба кај Трамп, да одигра посредничка улога и да обезбеди Европа да биде вклучена во мировниот процес.

Познато е дека Стуб и Трамп имаат редовна комуникација и добри односи, поради што финскиот лидер се смета за еден од ретките Европејци чии совети во Вашингтон се слушаат со внимание.

Овие планови се совпаќаат со најавата дека и италијанската премиерка Џорџа Мелони ќе учествува на разговорите во Вашингтон.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата