ЕУ: Иран да престане со произволно притворање на активисти за заштита на човековите права

31.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЕУ: Иран да престане со произволно притворање на активисти за заштита на човековите права

Европската Унија изразува сериозна загриженост поради раширената пракса на произволни притворања од страна на иранските власти со цел потиснување на критичките гласови во земјата, порача високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас.

Во реакцијата по повод серијата апсења и притворања на активисти за заштита на човековите права во Иран, Калас нагласува дека со ваквата пракса земјата ги прекршува обврските што ги има преземено согласно Меѓународниот пакт за граѓански и политички права.

- Апелираме до иранските власти да ги ослободат сите неправедно притворени лица поради остварување на нивните фундаментални права, вклучително и слободата на изразување и собирање. Ова ја вклучува и добитничката на Нобелова награда за мир Наргес Мохамади, чие здравје останува кревко, како и на други уапсени активисти за заштита на човековите права, вели Калас во писмената реакција.

Високата претставничка на ЕУ додава и дека активистите за заштита на човековите права „мора да можат да го искажат својот глас и да ја извршуваат својата легитимна работа без да ја ризикуваат својата слобода, како во Иран, така и на секое друго место“. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата