Ердоган: Насилството врз жени и деца е злосторство против човештвото

25.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ердоган: Насилството врз жени и деца е злосторство против човештвото

Ердоган, кој инаку е татко на две ќерки, смета дека секој што ќе крене рака на жена има помрачени раце и совест, пишува Анадолија.

Тој се осврна и на ситуацијата во Газа, истакнувајќи дека две третини од 70.000 загинати Палестинци се жени и деца, а дека виновниците за таквата состојба сè уште не ја добиле заслужената казна.

Ердоган рече и дека Турција ќе биде на страната на вистината и секогаш во борбата против насилството врз жените и децата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата