Ердоган: Членството во Европската унија повеќе не е приоритет за Турција

16.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ердоган: Членството во Европската унија повеќе не е приоритет за Турција

Во интервју за Ал Џезира, кое целосно треба ќе се емитува денеска,  Ердоган изјави дека ЕУ не е подготвена да ја прифати Турција и дека Европа ќе биде губитник поради тоа.

 Претседателот на Турција во интервјуто изјави и дека добил ветување од американскиот претседател Доналд Трамп во врска со враќањето на Турција во програмата за воени авиони Ф-35 и дека чека да биде исполнето.

 Турција претходно беше исклучена од мултинационалната програма Ф-35 во 2019 година откако го купи рускиот систем за воздушна одбрана С-400, за кој Вашингтон тврдеше дека може да ги загрози „Стелт“ авионите..

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата