Единаесет планинари загинаа во огромна лавина на Кавказ, се трага по исчезнати (ВИДЕО)

7.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Единаесет планинари загинаа во огромна лавина на Кавказ, се трага по исчезнати (ВИДЕО)

Лавината, која се случи во клисурата позната по своите планини и глечер, изненади група од 33 алпинисти.

Шест лица се повредени и однесени во болници, додека судбината на уште шестмина е сè уште непозната.

Десетмина од алпинистите успеаја безбедно да се спуштат.

Операциите за пребарување и спасување сè уште се во тек, но потрагата е комплицирана поради тешкиот терен и постојаната опасност од лавини.

Видеата што кружат на социјалните мрежи покажуваат како лавината се движела по падината за неколку секунди и се претворила во незапирлив порој од снег.

Несреќата се случила кога лавината се спуштила од планината Мижирги во Безенгиската клисура и закопала група од 33 алпинисти кои минувале по трасата во Кавказ.

Спасувачи од Тимот за пребарување и спасување на голема надморска височина Елбрус на Министерството за вонредни ситуации, како и оперативна група, беа испратени на местото на настанот.

Клисурата Безенги е опкружена со планини кои се меѓу највисоките во Централен Кавказ, со врвови кои се движат од 4.000 до 5.200 метри надморска височина.

Да потсетиме дека неодамна се случи трагедија на Елбрус, највисокиот врв во Русија и Европа, кога пет члена на планинарска експедиција од Босна и Херцеговина ги загубија животите поради ненадејна и исклучително силна снежна бура на над 5.000 метри надморска височина.

Загинаа сопружниците Алма и Денис Окановиќ, д-р Мелиха Чаушевиќ, Нермин Талам и Алмир Кривдиќ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата