Двајца загинати во пад на мал авион во Австралија

29.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Двајца загинати во пад на мал авион во Австралија

Несреќата се случила вчера попладне по локално време на аеродромот Парафилд во Аделаида, потврдија властите, пишува Би-Би-Си.

Според ABC News, станува збор за авион со двоен мотор Diamond DA42, кој, според производителот, може да прими до четири лица. Локалните медиуми јавуваат дека уште неколку лица се повредени, но нивниот точен број сè уште не е познат. Австралиското биро за безбедност во сообраќајот започна истрага за причината за несреќата.

„Областа околу местото на несреќата е евакуирана додека службите за итни случаи реагираат“, соопшти полицијата на Јужна Австралија. Во соопштението објавено на социјалните мрежи на аеродромот Парафилд, се наведува дека се случил „сериозен инцидент“ и дека аеродромот „им дава целосна поддршка на службите за итни случаи во нивната интервенција“.

Премиерот на Јужна Австралија, Питер Малинаускас, изрази сочувство на социјалните медиуми. „Моите мисли се со семејствата и најблиските на починатите и со сите оние што се погодени од овој катастрофален настан“, напиша тој. „Пожарот во хангарот е изгаснат, а аеродромот е затворен. Службите за итни случаи остануваат на терен и продолжуваат да ја извршуваат својата работа професионално и итно“, додаде тој.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата