Драма во Виена: 14- годишно девојче е избодено во училиште

9.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Драма во Виена: 14- годишно девојче е избодено во училиште

Напаѓачот е во бегство и полицијата интензивно го бара, објави Ое24.au.

Училиштето каде што е избодено девојчето е опколено и е преполно со полиција, а распоредени се и кучиња трагачи.

Девојчето е однесено во болница во Виена и нејзината состојба засега е непозната.

Учениците и наставниците се уште се во училиштето, а пред институцијата се собрала голема толпа.

Не е познато со каков остар предмет е избодено девојчето.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата