Драма во Норвешка: Орел се појави „од никаде“ и зграпчи бебе, само мајката се снашла

9.09.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Драма во Норвешка: Орел се појави „од никаде“ и зграпчи бебе, само мајката се снашла

Несреќно дете дошло на фарма со родителите, а никој немал поим дека вакво нешто може да се случи, пренесува ProtoThema.

Птица грабливка се појавила од никаде и го зграпчила девојчето со канџи, а сведоците опишуваат дека се однесувала како да видела „плен“.

„Мојата сопруга го грабна орелот и почна да се бори со него. Соседот истрча да ѝ помогне“, рекол таткото.

Мајката фатила стап, почнала да го удира орелот, кој на крајот се откажал и одлетал, а подоцна бил убиен од ловочувар, јавуваат локалните медиуми.

Девојчето било пренесено во болница, а лекарите морале да и ги сошијат раните на задниот дел од главата и да ѝ ги залечат гребаниците на лицето.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата