Драма на лет за Тунис: Патниците врескаат и се простуваат од најмилите (ВИДЕО)

14.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Драма на лет за Тунис: Патниците врескаат и се простуваат од најмилите (ВИДЕО)

Пилотот се обидел да слета неколку пати, а поради силните турбуленции, од кабината можело да се слушнат крици на преплашени патници.

Авионот на „Туркиш ерлајнс“ полетал од Истанбул на 10 септември, а проблемите започнале кога се приближил кон Тунис. Ербас А321 наишол на бура и почнал силно да се тресе.

Пилотот се обидувал да слета на аеродромот Тунис-Картагина, но ситуацијата станала особено драматична при третиот обид.

Патник кој го снимал инцидентот рекол дека во еден момент му се чинело како авионот да почнува да паѓа.

„Ќе умреме“, може да се слушне како еден патник вика во видео кое стана вирално на социјалните мрежи.

Други врескале додека авионот минувал низ силни турбуленции.

„Никогаш во животот не сум се плашела толку за мојот живот“, рекла жената која го снимала инцидентот.

По неколку обиди за слетување, патниците наводно го молеле пилотот да слета на друг аеродром или дури и во друга земја за да не мора повторно да поминуваат низ турбуленции, објавува „Дејли меил“.

Летот на крајот бил пренасочен кон аеродромот Енфида-Хамамет, околу 90 километри јужно.

Авионот безбедно слета таму, а патниците почнале да аплаудираат.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата