Кога роднините и пријателите слушнале за тоа, според италијанските медиуми, дури 50 од нив веднаш отишле во болницата, каде ги нападнале лекарите и медицинските сестри.
За да се заштитат, лекарите и медицинските сестри се забарикадирале во одделението додека не дојде полицијата за да ја разреши ситуацијата.
Dove se no a foggia pic.twitter.com/6zNBGgQg5M
— misstufi (@poilofaccio) September 6, 2024
Полициски патроли упаднаа во болницата и со тешкотии ги решија несогласувањата и обезбедија мир во здравствената установа.
Групата успеала да повреди тројца лекари, кои имаат локализирани удари по лицето, а едниот има скршена рака која била згмечена од вратата.
VIDEO - #Foggia, 23enne muore durante intervento: medici barricati in stanza per sfuggire alla furia dei parenti https://t.co/F5r63XGx6m
— QuintoPotere5 (@QuintoPotereV) September 6, 2024
Девојката од Фоџа била хоспитализирана на 18 август откако доживеала сообраќајна несреќа. Таа нешто пред полноќ пристигнала во Ургентниот центар.
За жал, повредите биле опасни по живот и веднаш била подложена на тешка и деликатна операција.
Според италијанските медиуми, состојбата на девојката нагло се влошила по операцијата. Иако изгледите биле добри, за жал таа починала. Веднаш по нејзината смрт биле отворени две истраги - едната од Обвинителството во Фоџа, другата од здравствената установа.