Доктор на суд призна дека силувал пациентки, додека биле во несвест и ги снимал- една од нив „го уловила“

2.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Доктор на суд призна дека силувал пациентки, додека биле во несвест и ги снимал- една од нив „го уловила“

Обвинителите изјавија дека Ченг, 35, признал дека злоупотребил седум пациентки. Тој бил уапсен во 2022 година откако жртва пронашла видео од него како ја злоупотребува додека таа била во несвест, објави ABC News.

Докторот е приведен во притвор

Полицијата соопшти дека открила видео докази за сериозни кривични дела извршени во домот и работното место на лекарот.

Ченг е во притвор од неговото апсење и му е забрането да се занимава со медицина. Доколку биде осуден, докторот може да се соочи со максимум 24 години затвор.

„Нивото на насилство и перверзија што го покажал при сексуалното напаѓање на своите жртви беше усложнето од фактот дека се заколнал дека нема да им наштети како медицински професионалец“, рече обвинителката Мелинда Кац.

„Жал ни е за сè“

Повеќето од жртвите не се сеќавале на злоупотребата бидејќи биле под седативи. Една жена се разбудила за време на нападот откако била успиена за гастроинтестинална процедура, велат обвинителите.

Службениците во болницата „Њујорк-Презвитеријан Квинс“ соработуваа со истражителите во кривичниот случај.

„Лекарите се грижат за пациентите и се одговорни за нивната безбедност и благосостојба. Тоа е света должност. Злосторствата извршени од ова лице се ужасни, гнасни и претставуваат фундаментално предавство на нашата мисија и довербата што нашите пациенти ја имаат во нас. Длабоко ни е жал за сè што жртвите и нивните семејства претрпеа“, изјави портпаролката на болницата Анџела Карафазли во соопштението.

Адвокатот на Ченг, Џефри Ајнхорн, им се заблагодари на обвинителите по спогодбата за признавање на вина и накратко изјави: „Обвиненијата за кои тој денес се изјасни за виновен се исклучително сериозни“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата