Детонации во Каракас: Трамп тврди дека Мадуро е заробен

3.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Детонации во Каракас: Трамп тврди дека Мадуро е заробен

Оние кои веќе заспале беа разбудени од силните експлозии, тие пак кои беа затекнати на улиците се дадоа во панично барање на засолниште, а неизвесноста ја зголеми и пораката на Трамп – „Мадуро е фатен“ – наговестувајќи негово заробување од страна на „Делта форс“ тимовите..

-САД успешно изведе напад од големи размери против Венецуела и нејзиниот лидер, Претседателот Николас Мадуро, кој, заедно со неговата сопруга, беше заробен и изведен надвор од земјата. Оваа операција беше спроведена со органите на САД за спроведување на законот.- Трамп

Каде се претседателот на Венецуела и правата дама Силиа Флорес останува непознато. Заменик – претседателката на Венецуела Делси Родригез вели дека не знаат каде се наоѓа нивниот лидер, а од претседателот на САД – Трамп, побараа доказ дека Мадуро е жив.

-Бараме итен доказ дека претседателот Николас Мадуро е жив, како и првата дама Силиа Флорес.- Делси Родригез – Заменик претседател на Венецуела

Потврда за апсењето добил и сенаторот на Јута – Мајк Ли од страна на државниот секретар Марк Рубио – а, целта според него била да му се суди во САД. 

Во операцијата која Трамп ја нарече брилијантна, таргетирани се повеќе стратешки и воени точка во Венецуела – Форт Тиуна, голема воена база во Каракас, воздухопловната база Ла Карлота, исто така позиционирана во престолнината, како и Хигероте аердоромот во Миранда на северот на државата. Министерот за одбрана на Венецуела – Владимир Падрино порача дека станува збор за варварска инвазија на нивната света земја.  

-Го информираме целиот свет, луѓето на венецуела беа цел на најголема криминална агресија од страна на владата на САД. – Владимир Падрино Лопез – Министер за одбрана на Венецуела

Откако информацијата го обиколи светот, светот возврати со реакции, а дел и со осуди. Руското министерство порача дека Латинска Америка мора да остане зона на мир, а Венецуела има загарантирано право да си ја одредува својата судбина без никакви надворешни интервенции, најмалку воени. Реакција имаше и од соседните земји на Венецуела, кои, како и Иран, бараат да се утврди оправданоста на нападот и итен состанок на советот на безбедност на ОН.

Иако нападот беше ненајавен, не беше целосно неочекуван - тензиите помеѓу Вашингот и Каракас растеа со месеци. Првично беа ликвидирани лица кои според Трамп шверцувале дрога во САД, па имаше заплена на танкери со нафта, а САД поставија и носачи на авиони во близина на Венецуела. Во меѓувреме Претседателот Мадуро беше под силни санкции на Америка.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата