„Потврдувам дека институцијата ќе продолжи“, рече Далај Лама во видео порака објавена на почетокот на состанокот на религиозните лидери во Дарамшала, каде што моментално се одржува настанот, објави Ројтерс.
Далај Лама додаде дека неговиот кабинет, во соработка со раководителите на тибетските будистички училишта и други религиозни лидери, ќе бара и ќе признава наследник во согласност со традицијата.
Тој исто така нагласи дека „никој друг нема право да се меша во овој процес“.
Далај Лама избега во Индија во 1959 година и формираше влада во егзил во Дарамшала.
Иако Далај Лама претходно изјави дека неговиот наследник може да биде жена или дека можеби нема да има наследник, во последните месеци тој повтори дека постои поддршка меѓу Тибеќаните во егзил институцијата да продолжи и дека неговиот кабинет ќе избере наследник.
Тој претходно изјави дека неговиот наследник ќе биде роден надвор од Кина, што го налути Пекинг.
Објавата дојде пред прославите по повод 90-тиот роденден на Далај Лама, кои се одржуваат овие денови според тибетскиот календар, а на кои се очекува да присуствуваат повеќе од 7.000 функционери, вклучувајќи ги индиските министри и холивудскиот актер Ричард Гир.