Бродот Рона, кој превезуваше оружје од Иран за Русија, потона во Касписко Море

15.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бродот Рона, кој превезуваше оружје од Иран за Русија, потона во Касписко Море

Бродот пловел по рутата позната како коридор за транспорт на оружје.

Товарниот брод Рона, што можеше да превезува 2.453 тони, си должина од 114 метри и ширина од 13 метри, испратил повик за помош, по што се спасени сите 14 членови на екипажот. Сите спасени се државјани на Иран и Индија, соопшти Министерството за надворешни работи на Туркменистан.

Податоците од следењето покажуваат дека бродот од октомври 2024 година до декември 2025 година околу 20 пати испловил од иранските пристаништа Амирабад и Анзали, а се закотвил во руските пристаништа Астрахан, Махачкала и Азов.

Украинските специјални сили во соработка со движењето на отпорот „Црна искра“ минатиот месец извршија операција во Касписко Море, погодувајќи два руски брода кои превезувале оружје и воена опрема.

Украинската армија  во август минатата го нападнаа пристаништето Олја во регионот Астрахан, погодувајќи брод натоварен со компоненти за беспилотни летала „Шахед“ и иранска муниција. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата