Болницата „Насер“ во Појасот Газа прими тела на уште 15 палестински затвореници

5.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Болницата „Насер“ во Појасот Газа прими тела на уште 15 палестински затвореници

„Десеттата група останки на палестински маченици, која се состои од 15 маченици, пристигна како дел од размената на останки меѓу палестинската страна и израелската окупација“, соопшти администрацијата на болницата, додавајќи дека досега се примени телата на 285  палестински затвореници откако на 10 октомври стапи на сила на прекинот во Појасот Газа.

Од 28-те починати заложници што Хамас се согласи да ги предаде на Израел како дел од договорот, до денеска се вратени вкупно 21. Израел сè уште бара враќање на преостанатите седум тела.

На 13 октомври, палестинското исламистичко движење Хамас ги ослободи последните 20 живи заложници што ги држеше во Појасот Газа, во замена за ослободување на околу 2.000 палестински затвореници.

Вооруженото крило на Хамас – Бригадите Ал Касам вчера им го предаде на израелските власти телото на лице идентификувано денес како Итаи Чен, израелско-американски војник убиен на 19-годишна возраст.

Во Појасот Газа, семејствата на лицата уапсени од Израел и кои чекаат нивно враќање, за време на неколку предавања на останки од Израел, изјавија дека телата биле многу тешки за идентификација.

Владата на Хамас во Газа повторно денеска ги обвини израелските власти дека одбиваат да достават списоци со имиња на оние чии останки пристигнуваат на палестинската територија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата