Затворањата, имено, се случија откако еден човек беше каснат од ајкула и вчеравечер, како што соопшти полицијата на Нов Јужен Велс. Повредениот е лекуван од сериозни повреди на ногата и е однесен в болница во критична состојба.
Советот на плажите во соопштението наведе дека сите 34 плажи во областа ќе бидат затворени до следно известување.
„Ги повикуваме пливачите и сурферите да ги следат информациите за затворање на плажите и да ги проверуваат информациите за статусот на плажите“, соопшти Советот.
Претходно вчера, ајкула ја каснала даската на едно момче кај населбата Ди Вај, а во неделата 13-годишно момче било нападнато додека пливало во близина на плажата Шарк во источниот дел на Сиднеј. Полицијата соопшти дека момчето било во плитка вода кога било нападнато.
„Повредите се налик со она што се верува дека е голема ајкула“, соопшти полицијата.
Видот на ајкула останува неутврден. Момчето претрпело сериозни повреди на двете нозе и е однесено в болница во критична состојба.
Според официјалните податоци од 2025 година, во Австралија последниве 10 години просечно имало, годишно, околу 20 напади од ајкула со повреди, со просек од 2,8 смртни случаи.

