Авион се излизга на писта при слетување- драма во Вилнус (ВИДЕО)

26.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Авион се излизга на писта при слетување- драма во Вилнус (ВИДЕО)

Авионот Embraer E170STD слета во Вилнус од Меѓународниот аеродром Шопен, објави LRT.

„Авионот на LOT, кој пристигна од Варшава, се лизна од пистата додека се движеше кон зградата на аеродромот“, рече Тадас Василијаускас, службеник во Управата за аеродроми на Литванија.

Снимките од веб-страницата Flightradar24 го покажаа авионот на северната страна од аеродромот во Вилнус, опкружен со неколку сервисни возила, вклучувајќи и противпожарен камион.

Управата за аеродроми на Литванија соопшти дека патниците веќе го напуштиле авионот и дека никој не е повреден во инцидентот.

Пистата на аеродромот во главниот град на Литванија е привремено затворена најмалку до вечерва, а авионите се пренасочуваат кон други аеродроми, објави литванската јавна служба.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата