Американски сенатори со критики за нападот врз Венецуела

3.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Американски сенатори со критики за нападот врз Венецуела

- Оваа војна е нелегална, срамно е што од светски полицаец станавме светски насилник за помалку од една година. Нема причина да бидеме во војна со Венецуела. Без разлика на исходот, ние правиме грешка, објави демократскиот сенаторот од Аризона, Рубен Галего, на X. 

Сенаторот од Јута, Мајк Ли, републиканец, објави: „Со нетрпение очекувам да дознаам што, ако воопшто, би можело уставно да ја оправда оваа акција во отсуство на објава на војна или овластување за употреба на воена сила“.

Подоцна тој рече дека разговарал по телефон со државниот секретар Марко Рубио, кој го информирал дека акцијата „веројатно спаѓа во рамките на уставните овластувања на претседателот според Член II од Уставот за заштита на американскиот персонал од вистински или непосреден напад“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата