Американската морнарица заплени уште еден танкер во Карипското Море

9.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Американската морнарица заплени уште еден танкер во Карипското Море

Танкерот Олина претходно исплови од Венецуела, а потоа се врати во регионот, каде беше пресретнат од американската морнарица. Танкерот пловел под лажно знаме на Источен Тимор.

Американската морнарица пред два дена зазеде танкер што пловеше под руско знаме, а е поврзан со Венецуела.

По соборувањето на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, САД не дозволуваат бродови и танкери, против кои се воведени санкции да влезат или да ги напуштат територијалните води на јужноамериканските земји-членки на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК).

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата