Аларм во Шпанија: Пожар во магацин за хемикалии, 80.000 жители да останат дома

14.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Аларм во Шпанија: Пожар во магацин за хемикалии, 80.000 жители да останат дома

Според службите за итни случаи, нема извештаи за повредени лица во пожарот, бидејќи сите работници во магацинот за хемикалии се евакуирани, јавува „Каденасер“.

Пожарникари од неколку провинции се обидуваат да го изгаснат пожарот што избувна во компанијата „Плејнсур“, во област каде што се складираат хемиски растворувачи на површина од 1.000 квадратни метри.

Пожарот создал црн облак од чад кој бил видлив од градовите оддалечени повеќе од 80 километри од местото на инцидентот.

На локалното население му е наредено да не излегува надвор до понатамошно известување. Причината за пожарот засега е непозната.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата