Пејачката речиси падна од висечка топка за време на настапот во Австралија, како дел од нејзината турнеја „Лајфтајмс“. Пери се искачи на џиновска метална топка која беше прицврстена на синџири над сцената. Но, кога топката беше крената, таа почна да се навалува на едната страна, исто како кабриолетот на Бијонсе.
Katy Perry almost fell out of the giant ball during her ‘Lifetimes Tour’.
— Buzzing Pop (@BuzzingPop) July 1, 2025
pic.twitter.com/xfEyQteOuZ
Членовите на тимот ѝ помогнаа да излезе од топката
Пери мораше цврсто да се држи за рамката, а публиката почна да вреска. Членовите на нејзиниот тим потоа ја исклучија музиката и ги затемнија светлата за да ѝ помогнат да излезе од топката, додека обожавателите извикуваа: „Напред, Кети“.
Снимката стана вирална на социјалните мрежи, а обожавателите во публиката пишуваа дека сè изгледаше многу пострашно отколку на снимката.
Извор: Индекс.хр