„Ослободете ме“, напиша ѕвездата на серијалот филмови „Трансформери“ во своја објава на „Икс“ вчера.
Лабјуф (39) се соочува со две обвиненија за едноставно насилство и напад кон двајца мажи (т.е. лесна или куса тепачка без посериозни последици). По судирот, актерот е однесен в болница, па кусо задржан во притвор, по што следеа обвиненијата, објави „Сик чирпс“ (Sick Shirpse). Тој за кратко беше ослободен од притвор, а неговото предсудско сослушување е закажано за 19 март.
Глумецот се врати на прославата на фестивалот „Марди грас“ во Њу Орлеанс неколку часа по неговото ослободување, објави „Јаху ентертејнмент“.
Минатата година, Лабјуф се спогоди за тужбата за сексуален напад и насилство што неговата поранешна девојка Ф.К.А. Твигс ја поднесе против него, откако тој јавно ги отфрли обвинувањата. Пред Твигс да ги отфрли обвиненијата, Лабјуф ги обвини своите борби со посттрауматско стресно нарушување (ПТСН) и алкохолизам за неговото насилно однесување кон пејачката.

