Прошталниот концерт на британската хеви-метал ѕвезда, Џон Мајкл „Ози“ Озборн, под наслов „Назад кон почетокот“ (Back to the Beginning), во Бирмингем, Англија, пред нешто повеќе од две недели собра завидна постава од музичари, вклучувајќи ги „Металика“, „Ганс ен роузис“, „Пантера“, „Слејер“, „Тул“, „Ламб оф Год“, Били Корган, Стивен Тајлер, Том Морело, Семи Хагар, „Антракс“, „Алис ин чејнс“, Зек Вајлд и др. рок-ѕвезди и пријатели на починатиот англиски пејач. Сите тие изведоа свои песни, заедно со неизбежните хитови на „Блек сабат“.
Можеби ќе ве интересира: Ози Озборн почина три недели по прошталниот концерт со Блек Сабат- собраа 200 милиони за донации (ВИДЕО)
Ози почина вчера - 17 дена по неговиот последен настап.
Кон крајот на вечерта, самиот Ози се качи на сцената во кожена фотелја. Во придружба на ветераните од неговиот солобенд, тој ги отпеа хитовите „I Don’t Know“, „Mr. Crowley“, „Suicide Solution“, „Mama, I’m Coming Home“ и „Crazy Train“. И покрај загриженоста за неговото здравје, Ози го отпеа своето - резултат на вредна и солидна подготовка за настапот.
Можеби ќе ве интересира: Почина легендарниот Ози Озборн
На крајот, на Ози на сцената му се придружија и оригиналните членови на „Блек сабат“ - првпат по 20 години. Заедно ги отсвиреа легендарните „War Pigs“, „N.I.B.“, „Iron Man“ и „Paranoid“, додека сите други изведувачи ги стоеја на работ на сцената, пренесува хрватски „Индекс“.
Концертот беше прикажан во живо низ целиот свет, а ќе биде објавен и како кинопродукција на почетокот на 2026 година. Со право наречен „Последниот валцер на хеви-металот“, се вели, овој настан беше среќна околност за сите што беа сведоци на него.