Раперот Диди ќе биде ослободен на 8 мај 2028 година

28.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Раперот Диди ќе биде ослободен на 8 мај 2028 година

Но, ќе треба да биде в затвор околу три години, земајќи го предвид и времето минато во притвор пред пресудата, според евиденцијата на федералните власти во САД. Следствено, Комбс треба да биде ослободен на 8 мај 2028., објави денес „Ен-би-си њуз“ (NBC News).

Музичарот беше прогласен за виновен претходно овој месец по две точки од обвинението за подведување, и ослободен од точките за рекетирање и трговија со луѓе. Обвинителите бараа 11-годишна казна затвор, но судот го зеде предвид фактот дека ова е прва кривична пресуда на Комбс. Тој се изјасни за невин по тужбите и ги негираше обвинувањата во текот на целото судење.

Комбс не сведочеше на судењето, но во писмо до судијата пред изрекувањето на пресудата, тој изрази каење, велејќи дека „искрено жали за болката и страдањето“ што ги предизвикал.

„Се изгубив, се изгубив во дрога и луксуз. Мојот пад произлегува од сопствената себичност“, додаде тој во пишаната изјава.

Судијата Арџун Субраманијан, исто така, го казни со парична казна од 500.000 долари и му наложи да отслужи пет години условна казна по неговото ослободување. Во таа смисла, по ослободувањето од затвор, Комбс ќе биде должен редовно да се јавува во полиција, да учествува во програми за лекување од дрога и алкохол, советување за менталното здравје и програма за сторители на семејно насилство.

Тој, исто така, ќе се подложува на редовно тестирање за дрога, а неговиот претпоставен има право да го претресе неговиот дом, автомобил, електронски уреди или лични предмети во секое време доколку има сомнеж дека ги прекршил прописите по неговото ослободување. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата