Портман се појави прв пат во јавност по гласините дека сопругот ја измамил со 25- годишна

5.06.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Портман се појави прв пат во јавност по гласините дека сопругот ја измамил со 25- годишна

Актерката е снимена на трибините на стадионот Парк на Принцовите во Париз.

Го гледаше фудбалскиот натпревар помеѓу ПСЖ и Клермон Фут 63. Портман изгледаше како да е расположена и ја задржа насмевката на лицето иако нејзиниот сопруг не беше покрај неа. Таа се појави во сива јакна и бела кошула и носеше темни очила и црвен кармин.

Да потсетиме, бракот на Натали Портман наводно бил пред колапс откако францускиот магазин Voici објави фотографии од 45-годишниот поранешен балетан како се дружи со 25-годишната климатска активистка Камил Етјен, пријателка на Грета Тунберг.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата