Поранешна девојка на Пи Диди била принудена на врска со раперот и уште тројца мажи

13.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Поранешна девојка на Пи Диди била принудена на врска со раперот и уште тројца мажи

Ова е нејзино петто појавување на суд, а за време на нејзиното сведочење таа ја опиша емоционалната и физичката динамика на нивната врска, за која вели дека вклучувала манипулација, принуда и експлоатација.

Во еден од опишаните инциденти, таа тврди дека поминала три дена заклучена во хотелска соба со Диди и уште тројца мажи.

Веднаш потоа, преку социјалните мрежи дознала дека Диди отишла на луксузен одмор со друга жена, што длабоко ја повредило. Чувствувала дека е искористена и, како што наведува, му дала ултиматум - или да го прекине одморот со другата жена, или да не очекува ништо повеќе од неа.

Иако не биле интимни два месеци, повторната средба во хотелската соба била пресвртница.

Поранешната партнерка на познатиот рапер, како сведок во суд истакнала и дека во тој момент не била подготвена за никаков контакт, но дека не сакала да го предизвика гневот на Диди.

Се чувствувала, како што вели, под притисок и принудена да му угоди, иако тоа не била нејзина желба.

- Секој вид наклонетост што ја добив од Шон во тој момент од мојот живот, ја добив со раширени раце - рекла таа. 

Инаку, познатиот  рапер и продуцент Шон Комбс или Пи Диди моментално се соочува со голем број сериозни обвиненија, вклучувајќи заговор за рекетирање, трговија со луѓе со сила и принуда и транспорт со цел проституција.

Тој беше уапсен во септември и секојдневно категорично ги негира сите обвиненија против него.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата