Холивудските ѕвезди Никол Кидман и Сандра Булок се повторно заедно на снимањето, а првите снимки ги воодушевија многу фанови на филмот.
Кидман на својот Инстаграм профил сподели емотивен момент од првиот ден од снимањето, потврдувајќи дека снимањето на продолжението официјално започна.
Клипот ги прикажува Кидман и Булок во срдечна прегратка.
- Вештерките се вратија. Првиот ден на сестрите Овенс на снимањето - напиша актерката.
Тие се враќаат како сестрите Сали и Џилијан Овенс, потомци на долга линија вештерки. Во оригиналниот филм од 1998 година, базиран на романот на Алис Хофман, сестрите се бореа со семејно проклетство кое ги одзело животите на сите мажи во кои се заљубиле.
Режијата на фиулмот ја поптишува Сузан Бир, позната по нејзината работа на „Брд Бокс“, додека Акива Голдсман, која исто така работеше на оригиналот, го пишува сценариото. Иако не се откриени многу за претстојното продолжение,од „Ворнер Брос. Пикчерс“ откри дека неговото објавување е закажано за 18 септември 2026 година.