Објавен е трејлер за филмот „Одисеја“ на Кристофер Нолан (ВИДЕО)

22.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Објавен е трејлер за филмот „Одисеја“ на Кристофер Нолан (ВИДЕО)

Иако 2026 година сè уште не е започната, публиката ширум светот очекува неговиот најнов филм, „Одисеја“, дефинитивно да ја одбележи годината што претстои и да биде спектакл достоен за епот за кој зборува.

Како што се очекуваше, главните улоги им се доверени на некои од најдобрите светски актери, добитниците на Оскар, Мет Дејмон, Ен Хатавеј, Лупита Њонго и Шарлиз Терон, а меѓу нив и Роберт Патинсон, Зендаја и Том Холанд.

„Одисеја“ е безвременска приказна за патување, метафоричен приказ на животот што ги надминува митските традиции на античкиот свет. На ист начин, „Одисеја“ на Нолан е повеќе од блокбастер, тоа е искуство што мора да се доживее на големото платно, филм снимен со посебна, IMAX технологија, која ги собра најдобрите уметници од филмската индустрија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата