Новак Ѓоковиќ му испрати порака на Ибрахимовиќ во врска со неговото пензионирање

5.06.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Новак Ѓоковиќ му испрати порака на Ибрахимовиќ во врска со неговото пензионирање

Златан Ибрахимовиќ заминува во пензија, тоа го најави вчера и доби солзи како главна реакција на Сан Сиро, а има и бројни пораки на социјалните мрежи.

Еден од оние што зборуваше беше Новак Ѓоковиќ, кој го следеше повлекувањето на Ибра од Париз, каде вчера на Ролан Гарос го победи Хуан Пабло Вариљас и се пласираше во четвртфиналето.

Новак на Инстаграм му напиша на Ибра „Најјак си брате Ибра“, што не е првпат да му даде поддршка на својот голем пријател и да му се обрати на мрежите.

Тие двајца се долго време добри пријатели, бидејќи Ѓоковиќ навива и за Милан, а во меѓувреме заедно ја отпеаа „Јутро је“ на Нада Топчагиќ, омилената песна на Ибра.

Ибрахимовиќ во неколку наврати ги гледал настапите на Ѓоковиќ, а во еден момент се поздравувале со неговите зборови „Где си лаве“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата