Најголемата љубов во Холивуд: Мајкл Даглас ги трогна сите со порака до Кетрин Зета Џонс

15.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најголемата љубов во Холивуд: Мајкл Даглас ги трогна сите со порака до Кетрин Зета Џонс

Емотивни објави за Денот на вљубените се појавија на нивните Инстаграм профили, за кои секој збор е излишен.

Кетрин објави серија фотографии од нив заедно низ годините и накратко напиша во описот дека Мајкл е нејзината љубов, со топол поздрав за овој празник.

Кога мажот ја сака жената...

Од друга страна, Мајкл одговори со подеднакво емотивна објава - фотографија на која ја држи Кетрин цврсто во рацете, со опис: „Среќен Ден на вљубените, душо. Те сакам секогаш и засекогаш“. Моменти како овие јасно покажуваат колку е силна и полна со емоции нивната врска.

Љубовен брак

Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас се заедно повеќе од три децении, а се венчаа во 2000 година, градејќи стабилна и инспиративна врска и покрај предизвиците на јавниот живот и бројните медиумски шпекулации.

Тие имаат две деца заедно, синот Дилан и ќерката Кармен, и често нагласуваат дека нивното семејство е центар на нивниот свет и извор на нивната најголема среќа. Нивната долговечност и меѓусебна посветеност ги прават еден од најпознатите и најомилените парови во Холивуд, а секој гест како овој на Денот на вљубените ги потсетува фановите колку нивната љубов продолжува да инспирира.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата