На убиецот на Џон Ленон му е одбиено 14. барање да биде пуштен на слобода, помина четири децании во затвор

6.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
На убиецот на Џон Ленон му е одбиено 14. барање да биде пуштен на слобода, помина четири децании во затвор

Чепмен поминал повеќе од 40 години во затвор и отслужува казна од 20 години до доживотен затвор за убиството на поранешниот член на „Битлси“ во декемвриската ноќ додека тој и неговата сопруга Јоко Оно се враќале во својот дом во зградата Дакота на Менхетен.

Чепмен, кој е притворен во затворот „Грин Хејвен“ во Њујорк, се појавил пред одборот за условно ослободување на 27 август за да побара да биде ослободен по повеќе од четири децении зад решетки.

Барањето било одбиено, изјавила портпаролката на Одделот за корекции и надзор на државата Њујорк за „Тајмс“.

Неговото следно рочиште е закажано за февруари 2027 година, изјавил службеникот.

Чепмен (70) на претходните рочишта рекол дека сè уште чувствува каење за убиството и дека би разбрал доколку мора да го помине остатокот од својот живот во затвор.

Тој рече дека го убил Ленон затоа што верувал дека тоа ќе му донесе слава.

Јоко Оно (92) постојано повторува дека Чепмен треба да остане во затвор и дека се плаши за својата безбедност и безбедноста на своите деца доколку тој биде ослободен.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата