Ова го изјави Лијам Нисон кога беше прашан за неговата неспорна хемија со Памела Андерсон, со која глуми во претстојниот рибут на „Голата пиштол“.
Во филмот, Нисон вдишува нов живот во ликот на несмасниот полицаец Френк Дребин (првично толкуван од Лесли Нилсен), додека Андерсон ја игра заводливата Бет – лик инспириран од шармантната Џејн Спенсер, која ја глумеше Присила Присли.
Но, токму надворекранската блискост меѓу 73-годишниот Нисон и 58-годишната Андерсон предизвика повеќе внимание од нивната филмска романса. Инаку ретко отворен за лични детали, Нисон во неодамнешно интервју даде нежна оценка за Андерсон:
„Нема големо его. Доаѓа само за да ја заврши работата“, изјави за People. „Забавна е и многу лесно е да се работи со неа. Ќе биде фантастична во филмот.“
Андерсон, која е сингл по пропаста на својот петти брак со Дан Хејхурст во 2022 година, му возврати со пофалби, нарекувајќи го Нисон „скромен“ и „совршен џентлмен“.
„Тој извлекува најдобро од тебе… со почит, љубезност и длабочина на искуство. Беше огромна чест да работам со него“, рече таа. „Искрено се грижеше за мене – ми го стави својот капут кога ми беше ладно.“
Таа додаде: „Мислам дека стекнав пријател за цел живот во Лијам и дефинитивно имаме врска што е многу искрена, полна со љубов, и тој е добар човек. Навистина знае да се однесува смешно – понекогаш како дете.“
Во заедничко интервју со Андерсон, Нисон откри дека за прв пат снимал љубовна сцена со интимен координатор, пренесува Дејли Мејл.
„Никогаш дотогаш немав такво искуство“, рече. „Но таа беше во позадина, без некои формалности од типот: ‘Извинете, сега следи сцена’...“
Во рибутот на режисерот Акива Шафер, Андерсон глуми пејачка од ноќен клуб која бара помош од Дребин и неговата катастрофална полициска екипа по убиството на нејзиниот брат.
Таа рече дека координаторката „знаеше кога да се повлече“, а Нисон додаде дека таа во еден момент кренала раце и рекла: „Не можам да издржам! Претопло е. Одам по кафе.“
„Хемијата меѓу нас беше очигледна од самиот почеток. Имаме огромна почит еден кон друг,“ изјави Андерсон за „Entertainment Weekly“ во мај.
„Го поканив него и неговиот асистент на романтични вечери со мене и мојата асистентка, за нашата врска да остане ‘професионално романтична’ за време на снимањето.“
Таа рече дека се зближиле преку заедничката љубов кон литературата и смеењето, а редовно му оставала колачиња, мафини и домашен леб од кисело тесто во неговата гардероба.
„Воодушевена сум од него, од неговото искуство и работна етика. Го впивав како сунѓер,“ рече таа.
„Се надевам дека луѓето ќе го засакаат филмот. Толку многу се забавувавме додека го снимавме. Мислам дека е вистинско време за ваква сакана комедија.
Јас сум обожавателка на оригиналите. Како што вели Лијам: ‘На сите ни треба добра смеа’. Се молам да има уште.“
Сè ова е добар знак за фановите на франшизата, но прашањето останува – дали нивната хемија надвор од екран е дел од маркетиншка кампања или навистина нашле „Љубов, всушност“?