Славниот М-Џеј во познат грчки ресторан оставил огромен бакшиш, вработените не се сеќаваат дека некој бил толку дарежлив, иако имале многу познати и богати гости пред НБА легендата.
Според многумина, најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајк Џордан, изминатите неколку дена бил на работен одмор во Грција, каде што соработувал со неколку НБА ѕвезди за промоција на својот бренд.
LUKA IS THE CHOSEN #NBA75pic.twitter.com/V6igauyWaw
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) February 21, 2022
Меѓу нив беше и мегапопуларниот,Словенец Лука Дончиќ, и секако ништо не можеше да помине без добра забава.
За време на една вечера во познат ресторан во Атина, Џордан покажа колку е дарежлив и дал огромна сума пари само за бакшиш.
Менито главно се базирало на морска храна и традиционални грчки јадења, а посебната вечера беше осмислена од готвачот на ресторанот, кој потоа бил богато награден.
Џордан воодушевен од гостопримството и вечерата направил гест што готвачот и другите вработени никогаш нема да го заборават, оставил бакшиш од неверојатни 10.000 евра.
Инаку во грчката престолнина Џордан биле и кошаркарските и спортски ѕвезди Лука Дончиќ, Заион Вилијамсон, Паоло Банкер, Бам Адебајо, Хаиме Хакез, Брус Браун, Руи Хачимура и поранешни врвни спортисти како Кармело Ентони, Ричард Хамилтон, Квентин Ричардсон и Мајк Биби.
Легендата на WNBA, Маја Мур, учествуваше на настанот, како и големи имиња од други спортови, како што се ѕвездите на НФЛ, Џален Хартс и Дамуконг Сух.