Роналдо и Георгина се среќно во заедница речиси една деценија, но сè уште не одлучиле да ја крунисаат својата љубов со брак.
Сепак, двојката сега ја објави добрата вест за нивната свршувачка и е подготвена за следниот голем чекор во нивните животи.
Пред тоа, тие се договориле за финансиски прашања во случај на развод. Како што откри португалското списание „TV GUIA“ минатата година, е постигнат договор со кој се регулира заедничкиот живот на двојката.
Според овој договор, во случај на развод, Родригез би добивала доживотен надомест од 100.000 евра месечно. Покрај тоа, таа би станала сопственик на вилата на Роналдо во Мадрид.
Имотот од 950 квадратни метри се наоѓа на парцела од 4.000 квадратни метри, а Роналдо го купил во 2010 година за пет милиони евра. Предбрачните клаузули наводно биле ставени во сила веднаш по раѓањето на нивната прва ќерка, Алана Мартина, за Родригез да има финансиска сигурност. Ова не се големи суми за Роналдо.
Португалецот неодамна потпиша нов договор со саудискиот клуб Ал-Наср до 2027 година и добива огромна плата. Според „The Sun“, Кристијано заработува 208 милиони евра годишно - што е 17 милиони месечно и 4,3 милиони евра неделно.
Роналдо и неговата девојка се заедно од 2017 година.
Тогаш анонимната хостеса и продавачка во елитна продавница за облека и фудбалската ѕвезда се запознале во 2016 година во продавница на Гучи во Мадрид, каде што Георгина работеше .
Оттогаш, тие се сметаат за еден од најсреќните парови во спортскиот свет.
Заедно, Роналдо и Георгина имаат повеќе од 730 милиони следбеници на Инстаграм.
Двајцата одгледуваат пет деца - најстариот син на Роналдо, Кристијано Роналдо Џуниор (15), близнаците Ева и Матео (7), кои се родени од сурогат мајка, и нивните две биолошки деца, Алана Мартина (7) и Бела Есмералда (2).
И покрај бројните гласини за нивната врска, двојката ретко јавно коментира за својата врска.