Влезот им беше дозволен само на оние кои беа подготвени да си ги избричат главите. Овој необичен маркетиншки потег беше организиран од дистрибутерот „Фокус Фејчерс“ за најновиот филм во кој глуми добитничката на Оскар, Ема Стоун.
@chl0ebean The most surreal movie screening I’ve ever been to #bugoniafilm #BUGONIA #baldscreening ♬ original sound - chloe bean🫘
Линк до заплетот на филмот
Во филмот, Стоун ја игра Мишел Фулер, директорка на фармацевтска компанија која е киднапирана од двајца братучеди, теоретичари на заговор. Убедени дека е вонземјанин, тие ѝ ја бричат главата. Токму овој детаљ од филмот послужи како инспирација за проекцијата на филмот.
Филмот е нова соработка помеѓу Ема Стоун и грчкиот режисер Јоргос Лантимос, дуо кое веќе стекна статус и голем број обожаватели благодарение на филмовите „Сиромашни суштества“ и „Омилениот“. „Бугонија“ пристигнува во кината на крајот на октомври.
Реакции на обожавателите
За да влезат на проекцијата, многумина без размислување седнаа на стол поставен во лобито на киното. Меѓу нив беше и Сем Шерман од Лос Анџелес. „Видов објава за ова и си помислив дека е совршен изговор бидејќи сакам да ја видам Бугонија секако, а на овој начин можам да ја видам две недели порано. Плус, добивам бесплатна фризура и бесплатен филм. Тешко е да се каже не на тоа“, изјави тој за Ројтерс.
Метју Лопез (29) сметаше дека идејата е генијална. „Јас го направив тоа, таа го направи тоа. Можам да почувствувам некаква врска со приказната“, изјави тој.