Партнерката на Кристијано Роналдо често на мрежите на радост на милионските следбеници објавува фотографии.
Атрактивната Георгина сега ја искористи можноста на своите многубројни следбеници на Инстаграм да им го претстави продолжението на проектот на кој работи подолго време.
Станува збор за серијата на Нефликс „Јас сум Георгина“, која го следи секојдневието на Георгина Родригез. Партнерката на големата фудбалска ѕвезда сега сподели промотивни фотографии од серијата, односно нејзиното продолжение.
Како што може да се види, Георгина позира во златен фустан со длабоко деколте, но нејзината долга руса коса го привлече вниманието на нејзините следбеници.
На изненадување на фановите „жешката“ црнка сега стана русокоса.