Фото: Актерка во секси бикини

10.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фото: Актерка во секси бикини

Една од најубавите холивудски актерки, Ева Лонгорија (51), повторно го привлече вниманието на јавноста, овојпат со фотографии од одморот во Марбеља, Шпанија, каде што ја покажа својата беспрекорна линија и докажа дека годините за неа се само бројка.

На фотките може да се види како сексапилната актерка ужива на плажа во провокативно бикини кое го надополни со голем шешир, темни очила за сонце..

Таа се релаксирала покрај морето, пливајќи и поминувајќи време со својот осумгодишен син Сантијаго, со кого правела замоци од песок.

Ева Лонгорија неодамна зборуваше за тоа што за неа значи сексапилност по педесеттата година. Таа истакна дека привлечноста не зависи од облеката, туку од самодовербата, и дека човек може да се чувствува подеднакво привлечно во тренерки или во топол џемпер. Покрај престојот во Шпанија за време на одморот, оваа земја, заедно со Мексико, стана нејзин постојан дом.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата