Џорџ Клуни: Трамп треба да воведе субвенции, а не царини за филмската индустрија

6.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Џорџ Клуни: Трамп треба да воведе субвенции, а не царини за филмската индустрија

Зборувајќи на годишните награди „Албис“ во Лондон, кои тој и неговата сопруга Амал ги организираат во чест на глобалните бранители на човекови права, Клуни рече дека губењето работни места во Калифорнија е навистина проблем, но дека причината е поради недостаток на даночни олеснувања и бенефиции како оние што ги нудат Њујорк, Луизијана и Њу Џерси, објави Ројтерс.

Клуни додаде дека воведувањето на федерален стимул наместо царини од администрацијата на  Трамп, што би одговарале на државните програми, значително би помогнало индустријата да остане во Калифорнија.

Меѓу овогодинешните добитници на наградата „Албис“ беа Мелинда Френч Гејтс за нејзината работа за здравјето на жените и родовата еднаквост, Марти Барон за лидерство во медиумите, Дарен Вокер за стабилизирање на непрофитниот сектор за време на пандемијата на коронавирусот, Фату Балдех, застапник за борба против злоупотребата на жените, и Хозе Рубен Замора, гватемалски новинар познат по истражувањето на корупцијата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата