Брус Вилис ужива со семејството во Дизниленд и ги воодушеви фановите (ВИДЕО)

5.06.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Брус Вилис ужива со семејството во Дизниленд и ги воодушеви фановите (ВИДЕО)

Неговата сопруга Ема Хеминг Вилис објави видео од забавниот парк, на кое се гледа како Брус се забавува со децата на Splash Mountain.

Тој седел со својата 11-годишна ќерка Мејбел и се смеел. „Ова семејство дефинитивно ќе се врати за повеќе забава и смеа кога повторно ќе се отворите како Тијана Бајо. Ви благодариме за сите спомени, Планина Сплеш“, напиша Ема.

Не е јасно кога е снимено ова видео, но на обожавателите им е мило што го гледаат Вилис како се смешка откако беше објавено дека боледува од деменција и афазија, невролошко нарушување што го отежнува зборувањето и разбирањето.

Во коментарите, следбениците напишаа дека Брус е многу внимателен кон својата ќерка, на што Ема одговори: „Секогаш“.

Двојката има две ќерки, Мејбел Реј и Евелин Пен. Со својата прва сопруга, актерката Деми Мур, Брус Вилис има три возрасни ќерки – Румер, Талула и Скаут.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата