Контроверзната американската поп-ѕвезда Бритни Спирс е обвинета за предизвикување инцидент со управување со моторно возило под дејство на алкохол и дрога, за што беше уапсена, соопшти канцеларијата на окружниот обвинител на Калифорнија.
„44-годишната американска пејачка е обвинета за возење под комбинирано дејство на алкохол и најмалку една дрога“, објави Скај њуз.
На Бритни Спирс ќе ѝ биде понудено признавање на вина за помало обвинение - несовесно возење под дејство на алкохол и/или дрога, што е вообичаено решение за луѓето кои покажале подготвеност да се подложат на третман за зависност. Претставник на пејачката претходно овој месец изјави дека Бритни Спирс доброволно се пријавила во центар за рехабилитација и нема да мора да присуствува на судското рочиште закажано за понеделник, но нејзините адвокати ќе можат да се појават наместо неа.
Таа беше запрена и уапсена на 4 март поради пребрзо возење во нејзиното црно БМВ, објавија медиумите.

