Бред Пит во нов трилер

29.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бред Пит во нов трилер

Според Семрежната филмска база на податоци, еднствениот засега потврден глумец во проектот е Бред Пит. Останатите актери сè уште се избираат.

Тој, имено, треба да го глуми главниот лик Фред Скали. Снимањето треба да почне на почетокот на 2026 година и ќе се одвива на повеќе локации низ Европа. Филмот ќе биде финансиран и дистрибуиран од „А24“. Сценариото е на Дејвид Кајганиќ, напишано врз основа на книгата. Заплетот на романот го следи Фред, Австралиец кој се сели во Ирска со сопругата Џенифер и ќерка му Били, во купена стара селска куќа. Потоа животот на Скали се распаѓа по ненадејното и неочекувано исчезнување на неговата сопруга.

Засега не се знае датумот на кино-премиерата на филмот.

Инаку, неодамна беше официјално објавено дека Бред Пит ќе глуми во продолжението на „Си беше еднаш во Холивуд“ (Once Upon a Time in Hollywood). Инаку, првиот филм од 2019 година, којшто му донесе „Оскар“ за споредна улога на Бред Пит, е режиран од Квентин Тарантино. Овојпат, откако ќе го напише сценариото за продолжението, Тарантино ќе му ја предаде режисерската должност на Дејвид Финчер. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата