Веста за разводот ја потврди и адвокатот на екс тенисерката, со кратка изјава во која се наведува дека раскинувањето се должи на „непомирливи разлики“.
Инаку во бракот долг девет години, Ана и Бастијан станаа родители на три деца.
Најмладиот син се роди пред само две години, а јавноста никогаш не го дозна неговото име, додека имињата на постарите двајца синови, Лука и Леон, се познати.
Аферата на Бастијан Швајнштајгер со провокативната Бугарка Силва Капитанова дополнително го наруши угледот на легедраниот германски фудбалер во јавноста.
Иако гласините за брачна криза кружеа со месеци, сега пристигна и правна потврда дека љубовната приказна на српската тениска ѕвезда и германскиот фудбалски ас е завршена.
Имено, Кристијан Шерц, адвокатот на Ана Ивановиќ, објави дека Ана и Бастијан се разведуваат поради „непомирливи разлики“. Германскиот „Билд“ објавува дека адвокатот рекол дека повеќе нема да дава јавни изјави и дека нема да има понатамошни коментари.
Тој исто така побарал од медиумите да ја почитуваат приватноста на Ана и Бастијан, како и на нивните деца.