Зошто никој не ја сака „деветката“: По 126 години ниту еден фудбалер на Милан нема да го носи овој број

8.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зошто никој не ја сака „деветката“: По 126 години ниту еден фудбалер на Милан нема да го носи овој број

За прв пат во 126-годишната историја на славниот италијански клуб, оваа сеозна во Милан ниту еден фудбалер нема да ја носи популарната „деветка“ на дресот. Бројот кој е синоним за напаѓач-голгетер во секој клуб, а во Милан го носеа шеесет големи напаѓачи со светско реноме, сега по затворањето на летниот преоден рок ниту еден фудбалер не го зел на својот грб.

„Газета дело Спорт“ пишува дека тоа не е одлука на клубот , туку дека едноставно така испаднало, бидејќи никој не сакал да ја преземе дополнителната тежина што ја носи бројот девет на дресот на Милан. И навистина, „деветката“ дефинитивно има голема специфична тежина, ако се знае дека него го имаа великани како Ван Бастен, Бобан и Веа, но и Пипо Инзаги кој го носеше 11 сезони, а го постигна и најважниот гол во финалето на Лигата на шампионите.

Сепак, со „деветката“ во Милан е поврзано и проклетството кое започнало во сезоната 2012/13 кога Бразилецот Пато го презеде , а кој го напушти клубот само неколку месеци подоцна. Потоа следеше серија на фудбалери кои бројот девет на грбот во Милан им беше вистински „малер“.  Алесандро Матри (постигна само еден гол на 18 натпревари), Фернандо Торес (еден гол на 10 натпревари), Матија Дестро (три гола на 15 натпревари), Луиз Адријано (шест гола на 36 натпревари), Џанлука Лападула (осум гола на 29 натпревари), Андре Силва (10 гола на 41 натпревар), Гонзало Игуаин (осум гола на 22 натпревари) и Кшиштоф Пјонтек (13 гола на 36 натпревари). Се заврши со Лука Јовиќ кој не беше ништо подобар, а последен го носеше дресот со овој број.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата