Вратен стариот календар….Африкански Куп ќе се игра сепак на две години

31.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вратен стариот календар….Африкански Куп ќе се игра сепак на две години

Афричката фудбалска федерација CAF, денеска едногласно одлучи да се поништи одлуката Африканскиот Куп да се игра на четири години и да се врати стариот начин на функционирање. Поточно, африканските репрезентации да го играат својот континентален турнир на секој две години.

Минатиот декември, CAF,  донесе одлука дека Африканскиот куп на нации ќе се одржува на секои четири години, почнувајќи од 2028 година, потег што ќе овозможи воведување на ново натпреварување, Африканска лига на нации, кое за првпат би се одржало во 2029 година.

Оваа одлука, чија цел е да го усогласи распоредот на натпреварувањата со календарот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), предизвика незадоволство меѓу учесниците на Африканскиот куп на нации во Мароко. Некои изразија став дека одлуката е донесена во согласност со европските претпочитања, а на штета на африканските интереси.

Следниот Африкански Куп ќе се игра во Кенија, Танзанија и Уганда следната година.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата