Виљареал со убав триумф над Леванте

2.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Виљареал со убав триумф над Леванте
MIKAUTADZE GOL CELEBRACION

Во првиот дуел од денешната Примера приграма во Шпанија, тимот на Виљареал на домашен терен го совлада Леванте со високи и убедливи 5:1.

Во дуел во кој домаќинот имаше далеку повеќе од играта, од можностите, Виљареал поведе со голот на Михаудатзе во 38. минута, а по катастрофалната грешка на гостинската одбрана.

За момент Леванте се понадева на поволен развој на настаните откако Еспи по прекрасниот центаршут од десно на Мартинез израмни на 1:1 во 51. минута.

Сепак, од тој момент па натаму се беше во знак на домаќинот. Молеиро десет минути подоцна носи ново водство на Виљареал, за да на 3:1 зголеми со својот втор гол, Михаутадзе.

Канаѓанецот Бјукенен со фантастичен погодок од дваесетина метри реализира за 4:1, а конечниот резултат во деведесеттата минута го постигна Пепе.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата