Венеција против Наполи до својот прв триумф сезонава

17.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Венеција против Наполи до својот прв триумф сезонава

Екипата на Венеција со новиот тренер на клупата, Давиде Никола, успеа да ја оствари првата победа сезонава во Серија А шампионатот и да впише три бода на своето конто.

Домаќинот со 1:0 успеа да слави над Наполи кој прописно се ибрука денеска пред се затоа што ја имаше фаворитската улога.
Сепак, тоа не му пречеше на Акор Адамс да реализира во првото полувреме и да му донесе толку посакувано водство на домаќинот.

Во вториот дел клучен момент е пеналот за гостите, кој што не успеа да го реализира Кевин Де Брујне.

По седум меча Венеција секако и натаму е последна но сега со три бода додека пак Наполи е деветти со десет.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата