Вечерва почнува историското СП за клубови: На премиерата Интер Мајами против Ал Ахли

14.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вечерва почнува историското СП за клубови: На премиерата Интер Мајами против Ал Ахли
фото: FIFA Club World Cup (X)

Со натпреварoт меѓу Интер Мајами и Ал Ахли утре рано наутро (02:00 ч.) стартува првото Светско клупско првенство на ФИФА во новиот формат во кој учествуваат 32 од највисоко рангираните клубови во светот, кои врз основа на нивните перформанси на континенталните првенства и ранг-листата на ФИФА обезбедија место на шампионатот.

Овогодинешното издание е историско: тоа е првото проширено Светско првенство за клубови според новиот четиригодишен модел на ФИФА, сличен по обем на Светско првенство за репрезентации. За првпат, 32 од најдобрите клубови ќе се натпреваруваат во формат од групна фаза до нокаут.

Турнирот ќе се игра на култни стадиони низ градови како Лос Анџелес, Њујорк, Мајами и Далас, како најава за она што не очекува на Светското репрезентативно првенство во фудбал во 2026 година.

Интер Мајами е клуб во подем со големи амбиции и н аотворањето вечерва очекува стартна победа. Во голема мера благодарение на доаѓањето на глобалната икона Лионел Меси и легенди на светскиот фудбал како Серхио Бускетс, Луис Суарез и Жорди Алба, клубот се трансформираше во континентална сила. Под водство на менаџерот Херардо „Тата“ Мартино , Интер Мајами го заработи своето место на Светското клупско првенство со освојувањето на Купот на шампиони на КОНКАКАФ во 2024 година.

Кога станува збор за африканскиот фудбал, тука Ал Ахли има посебно место во самиот врв. Со 11 титули во Лигата на шампионите на Африка и децении домашна доминација, клубот со седиште во Каиро е симбол на квалитет. За Интер Мајами, ова е шанса да докажат дека клубовите од МЛС можат да се натпреваруваат на највисоко ниво. За Ал Ахли, ова е можност да покажат дека африканскиот фудбал продолжува да произведува таленти од светска класа способни да предизвикаат секого.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата