Интер Мајами беше елиминиран од Купот на шампионите на КОНКАКАФ откако загуби во реваншот од полуфиналето со 3-1 од Ванкувер Вајткепс. Избраниците на Хавиер Маскерано го загубија и првиот натпревар со 0:2, што значи дека го напуштаат натпреварувањето со вкупен резултат од 1:5.
Жорди Алба му донесе водство на Интер Мајами со ран гол (9’), но во вториот дел гостите дојдоа до целосен пресврт за конечни 3-1.
Инаку, во почетниот состав беа сите големи ѕвезди од клубот на Дејвид Бекам, меѓу кои и Жорди Алба, Серхио Бускетс, Луис Суарез и Лионел Меси, кој го предводеше тимот со капитенската лента.
Ванкувер Вајткепс си го загарантираше учеството во финалето на турнирот, кое ќе се одржи на 1 јуни, кога ќе се соочат со победникот од другиот полуфинален пар, во кој ќе се соочат мексиканските екипи Круз Азул и Тигрес УАНЛ.