Украина во нова војна: Шевченко и Мудрик „пукаат“ преку медиумите

19.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Украина во нова војна: Шевченко и Мудрик „пукаат“ преку медиумите

Претседателот на Украинската фудбалска асоцијација, Андриј Шевченко, бара извинување од Михајло Мудрик, откако фудбалерот на Тотенхем јавно ја обвини украинската репрезентација за допинг-случајот поради кој речиси две години беше надвор од фудбалот.

Мудрик во интервју за украинскиот канал „Guest of Gordon“ изјави дека забранетата супстанција мелдониум најверојатно влегла во неговиот организам за време на репрезентативните собири. Тој ја критикуваше организацијата на украинската селекција, тврдејќи дека немало соодветна контрола врз препаратите што им биле давани на фудбалерите. Дополнително, рече дека не добил потребна поддршка од раководството на федерацијата, вклучително и од Шевченко.

Реакцијата на Шевченко, според медиумските извештаи, е дека обвинувањата на Мудрик се неосновани и дека фудбалерот треба да се извини. Мудрик, кој беше позитивен на мелдониум во 2024 година, првично доби четиригодишна суспензија, но по жалбата казната му беше намалена. На терените се врати во јули 2026 година.

Украинецот откри и дека периодот на суспензија бил исклучително тежок за него, како психички, така и финансиски, бидејќи потрошил милиони фунти за правна помош, тренинзи и рехабилитација.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата