УЕФА го објави распоредот: Реал – Интер, Ливерпул – Атлетико на отворањето на новата сезона на ЛШ

29.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
УЕФА го објави распоредот: Реал – Интер, Ливерпул – Атлетико на отворањето на новата сезона на ЛШ

Новата сезона во Лигата на шампионите ќе започне со неколку големи европски пресметки, откако УЕФА денеска го објави распоредот за главната фаза. Во првото коло, на 8 септември, Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ ќе го пречека Интер, додека Порто ќе биде домаќин на Манчестер Сити.

Ден подоцна, на „Енфилд“, Ливерпул ќе се соочи со Атлетико Мадрид, во реприза на драматичниот дуел од минатата сезона, кога англискиот тим славеше со 3:2. Во истиот термин Барселона ќе го пречека Феенорд, додека Наполи ќе игра против Арсенал.

На 10 септември во Лигата на шампионите ќе стартуваат и Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед. Баварците на домашен терен ќе играат против Боде/Глимт, додека Јунајтед ќе гостува кај Сабах. Така, уште во воведното коло европската елита носи неколку атрактивни дуели и најавува интересна сезона во најпрестижното клупско натпреварување.

Комплетниот распоред на следниот Л И Н К


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата